Vrabotuvanje.com - Просечната нето плата во Хрватска е 1.270 евра, а најмногу заработуваат контролорите на летови
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Просечната нето плата во Хрватска е 1.270 евра, а најмногу заработуваат контролорите на летови

Просечната нето плата во Хрватска е 1.270 евра, а најмногу заработуваат контролорите на летови

Просечната нето плата во Хрватска во првиот квартал изнесувала 1.270 евра, што е за седум отсто повеќе во однос на претходниот квартал и дури 16 отсто повеќе од истиот период лани.

Ова го покажаа податоците од MojPosao, водечкиот портал за вработување во Хрватска.

Според професијата, највисока месечна плата имаат контролорите на летови, која изнесува 3.625 евра, а потоа следат водечките програмери со плата од 2.918 евра и ИТ архитектите со 2.604 евра, според истражувањето.

Најмалку платените работници во Хрватска се шивачите со просечна месечна плата од 767 евра, фризерите со плата од 773 евра и чистачките со 789 евра.

Највисока плата од 1.327 евра е забележана во Градот Загреб, што е четири отсто над просекот.

извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде