Vrabotuvanje.com - Во Скопје може да се изнајми дуќан и за 3.000 денари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Во Скопје може да се изнајми дуќан и за 3.000 денари

И покрај тоа што се намалува цената на деловниот простор за изнајмување, може да се видат празни дуќани и на многу добри локации, на кои некогаш беше невозможно да се изнајмат. Трошоците за струја, вода, парно, Интернет... во дуќаните се високи, па поради тоа, голем дел од бизнисите се селат во станови. Познавачите на пазарот велат дека падот на цените на дуќаните се должи на големата понуда на деловен простор и на затворањето голем дел од малите дуќани поради конкуренцијата од големите маркети и од трговските центри. Од агенциите за недвижности велат дека сега во Скопје може да се изнајми дуќан и за 3.000 денари, што не било случај порано.

Во Скопје може да се изнајми дуќан и за 3.000 денари

Сè поголем е бројот на дуќани што зјаат празни, а излозите се излепени со натписите „се издава“. Може да се видат празни дуќани и на многу добри локации, на кои некогаш беше невозможно да се изнајмат. И покрај тоа што паѓаат цените за изнајмување деловен простор, трошоците за струја, вода, парно, Интернет… се високи, па поради тоа, голем дел од бизнисите се селат во станови. Познавачите на пазарот велат дека падот на цените на дуќаните се должи на големата понуда на деловен простор и на затворањето голем дел од малите дуќани поради конкуренцијата од големите маркети и од трговските центри. Од агенциите за недвижности велат дека сега во Скопје може да се изнајми дуќан и за 3.000 денари, што не било случај порано.

Сите колективни згради или објекти за домување што се изградени во последниве неколку години на фреквентни места во Скопје, го имаат наменето првиот кат за деловни простории. Има и такви објекти каде што првите два ката се наменети за деловни простории. Сето ова влијаеше на зголемената понуда и на падот на цените на деловниот простор во главниот град.

Извор: vecer.press

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде