Vrabotuvanje.com - ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Ајварот и казината носат најголеми добивки во Гевгелија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Ајварот и казината носат најголеми добивки во Гевгелија

Општина Гевгелија со градот и околните места има вкупен број на население помал од 20.000 жители, според последниот попис, но местоположбата и природните ресурси не ја спречуваат да ги има едни од најуспешните бизниси во земјата.

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Ајварот и казината носат најголеми добивки во Гевгелија

Во тоа предничат компаниите за приредување игри на среќа. Во првите единаесет со најголема остварена добивка во 2023 ги има дури три - Макотен, Принцес Хотел и Казино и Фортуна Интернационал. Сите три компании имаат лиценци за свои казина, сместени во хотели.

Дием-ГП, Випро, Техноалат Комерц и Вори, компании кои произведуваат брендиран ајвар, домашни традиционални специјалитети  и други преработки на овошје и зеленчук, се меѓу најуспешните во 2023. Нивната вкупна добивка е поголема од 3 милиони евра.

Конти Хидропласт и Интер-Констракшн се компании специјализирани за производи од пластика, како цевки и шахти. Елмотерм на Коста Гацев инсталира фотопанели, а Лемекс Транспорт на Лефтер Шутов е друштво за товарен превоз.

Роуд Гамес Интернационал е програмерска компанија на Александар Сламков со шест вработени и раст на добивка од 78 отсто. На БС Билдинг, основана во 2019 од Бранислав Палазов и Стефан Русев, конечно му тргнало во изградбата на станови. 

Меѓу компаниите со најголеми добивки од Гевгелија е и Итек Системс, која инсталира видеонадзор и други безбедносни системи, како тој за противпожарна заштита и друго. Компанијата на електроинженерот Тодор Бегов има 56 вработени и има своја подружница во Скопје. А.К.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде