Vrabotuvanje.com - Во оваа земја живеат најсреќните млади, ќе ве изненади каде е Македонија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Во оваа земја живеат најсреќните млади, ќе ве изненади каде е Македонија

Финска со години важи за најсреќна земја во светот, но тоа важи за целото нејзино население, а во која земја живеат најсреќните млади е сосема друга приказна.

Во оваа земја живеат најсреќните млади, ќе ве изненади каде е Македонија

За 2024 година, авторите на „Светскиот извештај за среќа“ ги истражија разликите меѓу генерациите и за прв пат објавија извештај за земјите во кои младите се најсреќни.

Се покажа дека младите се многу посреќни во земјите од Централна и Источна Европа и во земјите од Јужна Америка.

Литванија е земјата во која младите помлади од 30 години се најсреќни во светот, на второ место се младите Израелци, а на високо трето место - младите од Србија.

Generacija Z

Севкупно, оваа балтичка земја се најде на деветнаесеттото место, но ги надмина нордиските земји како Финска, Исланд и Норвешка во однос на среќата на младите.

Истовремено, интересно е што младите во Литванија се значително посреќни од постарите - во категоријата над 60 години земјата се најде на 44-то место.

Што се однесува до Америка, најдобро место е Костарика (на 11. место), Ел Салвадор е на 17. место. Интересно е и тоа што првите десет се главно европски земји, а Израел е втор.

Хрватска е на 14 место, а Словенија е на 15 место Србија е изненадувачка трета, а Босна и Херцеговина е на 33, додека Унгарија е на 36 место.

Македонија е на 67 место, додека Албанија е веднаш над нас односно го зазема 66 место. 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде