Vrabotuvanje.com - Данска предлага воведување забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Данска предлага воведување забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години

Данската премиерка Мете Фредериксен сака Европската унија да воведе старосна граница од 15 години за користење на социјалните мрежи. Таа го предлага ова во обид подобро да ги заштити младите корисници на паметни телефони од штетните содржини и зависноста од екрани, пишува бриселскиот портал Politico.

Данска предлага воведување забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години

„Денес можете да креирате профил на повеќето платформи ако имате само 13 години. Но, на 13 години се уште си дете, а видовме дека ризикот за децата на социјалните мрежи е преголем“, вели Фредериксен во написот за данскиот весник Politiken, кој го напиша заедно со пратеничката на ЕУ, Кристел Шалдемосе.

Тие сметаат дека старосната граница треба да биде придружена со ефективни алатки за проверка на возраста, бидејќи „технолошките гиганти не преземаат одговорност за ова“.

„Новиот правилник за модерирање на содржините, Законот за дигитални услуги (DSA), се покажа како недоволен за да се спротивстави на платформите“, напишаа Фредериксен и Шалдемозе.

Тие изнесоа предлози за заострување на законот, вклучително и забрана за дизајни кои предизвикуваат зависност и рекламирање на малолетниците, како и задолжително известување за тоа колку време поминуваат на онлајн платформите.

Идејата за зголемување на старосната граница е во насока на минатомесечниот повик на францускиот претседател Емануел Макрон да се дозволи пристап до социјалните мрежи за оние над 15 години на ниво на ЕУ.

Извор: inovativnost.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде