Vrabotuvanje.com - Ова било омиленото јадење на Јосип Броз Тито кое сите го обожуваат: Го нарекуваат кулинарски скапоцен камен од Балканот и нема кафеана каде што не се бара
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ова било омиленото јадење на Јосип Броз Тито кое сите го обожуваат: Го нарекуваат кулинарски скапоцен камен од Балканот и нема кафеана каде што не се бара

Јосип Броз Тито, поранешниот претседател на Југославија, бил познат по својот исклучителен вкус и љубов кон добрата кујна, а особено сакал едно јадење.

Ова било омиленото јадење на Јосип Броз Тито кое сите го обожуваат: Го нарекуваат кулинарски скапоцен камен од Балканот и нема кафеана каде што не се бара

Еден од специјалитетите што особено го воодушевил Тито е „Караѓорѓева шницла“.

Именуван по Караѓорѓе Петровиќ, овој специјалитет станал едно од најпопуларните јадења во поранешна Југославија.

Караѓорѓевата шницла е вкусно јадење од месо полнето со кајмак, поховано и пржено до совршенство.

Рецепт за „Караѓорѓева шницла“

Состојки за 4 лица:

  • 4 свински или телешки парчиња шницли (околу 150 грама секое);
  • 200 гр павлака (или павлака за готвење);
  • 2 јајца;
  • 100 гр брашно;
  • 100 гр презла;
  • Сол и бибер по вкус;
  • Масло за пржење;
  • Лимон за декорација;
  • Магдонос за гарнир.

Подготовка

Исечете го филето на средина за да добиете шницла со голема површина. Шницлите убаво истенчете ги со толчник за месо. Едниот раб на стекот обработете го малку повеќе, да биде потенок, така што ќе лепи полесно кога ќе се замотува. Наредете го кајмакот на подебелата страна на шницлата и обликувајте ролна.

По желба во полнењето може да се додадат и парчиња сланина и млечен кашкавал сечени на долги тенки парчиња.

Полнетото месо посипете го со брашно, потоа натопете го во изматено јајце од сите страни и на крај во лебни трошки.

Пржете го во поголема количина загреано масло сè додека не добие златна боја од сите страни.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде