Vrabotuvanje.com - Да р'мбаш 45 години за да живееш од пензија? Маката на германските гастaрбајтери
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Да р'мбаш 45 години за да живееш од пензија? Маката на германските гастaрбајтери

Работиш во Германија за да проживееш 20 дена во Македонија. Напикан си во стан во Немачка за да се шириш во куќа во Македонија само 20 дена. Р'мбаш и се возиш со трамвај или метро за да провозиш мерцедес низ Македонија. Не е лесна гастарбајтерската приказна. Таму си странец а дома си цар.

Да р'мбаш 45 години за да живееш од пензија? Маката на германските гастaрбајтери
 
 
Најновите информации кои доаѓаат од Германија велат дека за да станеш германски пензионер со солидна пензија од 1500 евра треба да работиш 45 години и да имаш највисока саатница ако не твојата пензија ќе биде од 600 до 800 евра
 

А колку е саатницата во Германија?

Според последните пресметки, бруто саатницата за работна недела од 37,7 часа не смее да падне под 22 евра, пренесуваат германските медиуми, пренесува Курир.

Доколку оваа сума ја заработите во текот на една година, таа ќе одговара на бруто годишна плата од околу 41.550 евра. Со ваква заработка, на сегашната пензиска скала, по 45 години работа, би добиле пензија од околу 1.538 евра бруто, колку што е просечната пензија во оваа држава со овие години стаж. Што се однесува до минималната пензија во Германија, таа не е утврдена со закон, но според медиумите, експертите од „German Pension Insurance“ кон крајот на минатата година изјавиле дека минималната пензија во оваа земја е нешто помала од 600 евра, пишува Мондо.

Затоа, пензија од 1.538 евра е доволна за добро да се живее во старост, пишува овој весник.

Но, ситуацијата е поинаква за луѓето кои моментално земаат минимална саатница нешто повеќе од 12 евра. По 45 години придонеси, ќе добиете скромна пензија од 870 евра, што не се смета за добра пензија, пишуваат германските медиуми.

Слично мислење има и германското пензиско осигурување. Според тоа, сите луѓе во Германија кои примаат бруто пензија помала од 1.200 евра се сметаат за загрозени од сиромаштија.

За да добијат месечна пензија од 1.000 евра, вработените со полно работно време треба да заработуваат бруто од околу 2.800 евра месечно за 40 години.

Оние кои сакаат да земат нешто повисока пензија од 1.200 евра мора да земаат месечна плата од околу 3.400 евра за 40 години, пишува Курир.

Сепак, наведените бројки се само насоки кои се одредуваат врз основа на стандардни претпоставки. Тие не ја отсликуваат точно реалноста, особено ако се земе предвид дека не постои човек на овој свет кој го има потполно истиот животен пат, па затоа нема исти работни часови во текот на целиот свој живот.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде