Vrabotuvanje.com - Зголемен бројот на туристи, најмногу пристигнуваат од Турција
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Зголемен бројот на туристи, најмногу пристигнуваат од Турција

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2024 година изнесува 81 752, од кои 23.0 % се домашни туристи, а 77.0 % се странски туристи.

Зголемен бројот на туристи, најмногу пристигнуваат од Турција

Бројот на ноќевањата во април 2024 година изнесува 151 720, од кои 28.8 % се од домашните туристи, а 71.2 % од странските туристи.

Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 7.4 %, а кај странските има зголемување за 19.3 %.

Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 15.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 15.0 %, а кај странските има зголемување за 15.4 %.

Податоците можете да ги погледнете тука.

Извор: denar.mk

 
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде