Vrabotuvanje.com - Финска: Родителите на работа можат да дојдат со своите деца
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Финска: Родителите на работа можат да дојдат со своите деца

Финските власти започнаа проект кој ќе им овозможи на родителите да поминат повеќе време со своите деца, со тоа што ќе можат да ги доведат на работа на неколку часа или во текот на целото работно време

Финска: Родителите на работа можат да дојдат со своите деца

Туомас Куртила – детскиот омбудсман во Финска изјави дека целта на иницијативата е родителите и децата да поминат колку што е можно повеќе време заедно, како и да се запознаат децата со работните услови на нивните родители и како всушност тие заработуваат пари.

Тој истакна дека околу 800 компании веќе потпишале договор според кој на родителите им е дозволено да ги донесат своите деца на работното место.

Преку оваа практика, децата ќе имаат шанса да бидат со своите родители и да се запознаат со нивната работа во државните министерства, општините и компаниите.

На овој начин, членовите на семејството ќе можат да се стекнат со многу убави и корисни искуства заедно и ние сме им благодарни на сите компании и институции кои се согласија да бидат дел од оваа идеја, стои во изјава на Куртила. 

Дали сметате дека е фер само вработените во приватните фирми да имаат право на К-15?

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде