Vrabotuvanje.com - Неверен сопруг го тужи „Apple“ и бара 6 милиони долари: Тврди дека компанијата е виновна за неговиот развод
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Неверен сопруг го тужи „Apple“ и бара 6 милиони долари: Тврди дека компанијата е виновна за неговиот развод

„Ако велат дека пораката е избришана, имате право да верувате дека е така“, рекол тој.

Неверен сопруг го тужи „Apple“ и бара 6 милиони долари: Тврди дека компанијата е виновна за неговиот развод

Еден Британец одлучил да ја тужи компанијата „Apple“ и да бара 6,3 милиони долари.

Причината? Смета дека технолошкиот гигант е виновен за неговиот развод и сака да му исплатат отштета.

Странските медиуми пренесуваат дека Британецот (псевдоним Ричард), во текот на последните години од бракот повеќе пати контактирал проститутки.

За договорите го користел својот „iPhone“, но бил внимателен и секогаш ги бришел пораките, за сопругата да не се посомнева.

Тоа што не го знаел, како што вели, е дека „Apple“ овозможува споделување на пораки преку своите платформи (iPhone, iPad, iMac), каде корисникот се пријавува на истиот профил.

Така, во една прилика, сопругата се најавила на семејниот профил на лаптопот и ги затекнала пораките кои Ричард ги разменувал со сексуални работнички.

Уследил развод, а жената излегла од целата приказна со повеќе од 6,3 милиони долари.

Ричард за се ја обвинува американската компанија и бара надомест на штетата.

„Ако ви велат дека пораката е избришана, имате право да верувате дека е така. Ако пишуваше: Пораките се избришани на овој уред или пораките се избришани само на овој уред, тоа ќе ми беше сигнал“, рекол тој.

Тој ќе бара „Apple“ да му ги надомести парите кои и ги исплатил на поранешната сопруга, а ангажирал адвокатска канцеларија од Лондон.

Ги повикува и другите корисници на „Apple“ да му се јават доколку имале слични проблеми, за да поднесат групна тужба.

Неговиот адвокат, Сајмон Валтон, тврди дека технолошкиот гигант не бил јасен во врска со политиката со избришаните пораки.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде