Vrabotuvanje.com - ИНВАЗИЈА НА ТИГРЕСТИ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ: Касаат и дење и ноќе
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ИНВАЗИЈА НА ТИГРЕСТИ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ: Касаат и дење и ноќе

Зголемен е бројот на комарци во Скопје, за што сведочат и самите граѓани кои се жалат дека ги касаат и ноќе и дење.

ИНВАЗИЈА НА ТИГРЕСТИ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ: Касаат и дење и ноќе

Некогаш важеше правилото дека комарците каснуваат само на стемнување и навечер, но со доаѓањето и ширењето на азискиот тигрест комарец во Скопје, кој го пренесува вирусот денга, ова правило повеќе не важи.

Едни касаат дење, други ноќе

Имено, додека речните и домашните комарци Culex pipiens напаѓаат навечер, азискиот тигрест комарец е активен во текот на целиот ден, а својата жртва ја каснува и на 40 степени напладне.

Експертите објаснуваат дека тигрестиот комарец е поагресивен во споредба со нашиот домашен, бидејќи каса и преку ден.

Тигрестиот комарец е нешто помал од локалниот урбан и речен комарец, но е поагресивен бидејќи „каснува“ преку ден.

Според експертите, за репродукција на тигрест комарец се доволни минимални количества вода, како капаче од тегла или тапа од пивско шише.

Појавата на тигрестиот комарец

Името тигрест комарец доаѓа од присуството на наизменични црно-бели лушпи во форма на прстени на нозете и комбинација на црни и бели ленти на стомакот.

Доброто е што азискиот тигрест комарец кој се наоѓа во Скопје се уште не е заразен со вирусот денга, чиј носител е тој.

Покрај денгата, носител е и на вирусот чикунгуња, потоа на вирусот на жолта треска, како и на паразитскиот нематод кој предизвикува дирофиларијаза (срцевиот црв).

Препораки за заштита од комарци

-носете светла облека со долги ракави и панталони. Најдобро е да ви биде удобна, бидејќи комарците можат да каснат преку тесна облека.

-избегнувајте да бидете на отворено во периодот на најинтензивна активност на комарците – во самрак и во зори

-користете заштитни мрежи против комарци на прозорците, вратите и околу креветите
ако е можно, останете во климатизирани простории, бројот на инсекти во такви услови е значително намален

-избегнувајте области со многу инсекти, како што се шуми и мочуришта

-празнете саксии со вода, храна за домашни миленици и чинии со вода, кофи, буриња и лименки најмалку еднаш неделно

-отстранете ги фрлените гуми и другите предмети што можат да собираат вода

Извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде