Vrabotuvanje.com - Боите на сунѓерите имаат различно значење
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Боите на сунѓерите имаат различно значење

Поединечните бои на сунѓерите не се случајно избрани. Секоја од нив треба да претставува различно ниво на абразивност. Денес, кога домаќинствата бараат делотворни начини на чистота на домот, изборот на вистинските додатоци за миење садови е неочекувано важен, објави „Н-1“.

Боите на сунѓерите имаат различно значење

Имено, бојата укажува колку е груб или мек абразивниот слој на сунѓерот. Оваа разлика помага да се одреди за каков тип на сад или површина сунѓерот најдобро одговара, за да нема оштетување.

Жолт сунѓер: Тој е најмек и идеален за миење тенки стаклени садови и порцелан што лесно може да се изгребат.

Син сунѓер: Второто ниво. Оваа боја покажува дека сунѓерот е доволно нежен за да не ги оштети стаклените и пофините површини, но во истовреме ја отстранува и поситната нечистотија.

Црвен, портокалов, розов сунѓер: Овие сунѓери се средно абразивни и погодни за повеќенаменска употреба, вклучувајќи поцврсти дамки од садовите, но без опасност од гребење.

Зелен сунѓер: Ова е најтврдиот сунѓер наменет за отстранување запечени и исушени остатоци од храна. Овие сунѓери треба да се користат внимателно, особено на чувствителни површини.

Абразивниот слој, обично зелен или син на едната страна од сунѓерот, е клучен за ефикасно отстранување на нечистотијата. Зелениот слој, по правило е најгрубиот за некои површини, а синиот е дизајниран за да спречи гребење.

Редовното чистење и дезинфекција на сунѓерите, на пример во мешавина од вода и средство за хигиена, помага да се одржуваат сунѓерите во добра состојба и го продолжува нивниот рок на траење. Секако, тоа не може да се прави бесконечен број пати, така што по извесно користење, сунѓерот вообичаено се заменува со нов и ова е уште еден битен чекор за одржување на хигиената во кујната. 

Извор: 24info.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде