Vrabotuvanje.com - Не смеат да се вршат градежни и физички активности во најтоплиот дел од денот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Не смеат да се вршат градежни и физички активности во најтоплиот дел од денот

Владата на седницата која се одржа завчера, по добиената информација за високите температури во кои што се наоѓа државата, ги усвои следните препораки, мерки и превенција за заштита:

Не смеат да се вршат градежни и физички активности во најтоплиот дел од денот

- Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12.07.2024 (петок) до 18.07.2027 година (четврток).

Исто така во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

Воедно, на владината седница се донесе одлука за детските градинки да не се практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во период од 11 часот до 17 часот. 

Исто така, Владата препорачува до единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде