Vrabotuvanje.com - Полицијата трага по десет Непалци, избегале од работните места во Скопје и Тетово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Полицијата трага по десет Непалци, избегале од работните места во Скопје и Тетово

Полицијата трага по десет Непалци, избегале од работните места во Скопје и Тетово

Полицијата трага по десет странски лица од Непал, кои биле вработени во компании во Скопје и Тетово.

Имено, во две посебни пријави до Министерството за внатрешни работи се пријавени десет лица кои се оддалечиле од работното место.
 
„На 12.06.2024 во 11.15 часот во СВР Скопје, М.Н.(41) од Скопје пријавил дека од работното место на подрачјето на општина Аеродром се оддалечиле шест лица од Непал, со привремен престој во Скопје, а кои биле вработени во неговата фирма. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицата.На 12.06.2024 во 14.15 часот во СВР Скопје, Л.Џ.(36) од Скопје пријавил дека од работното место во Тетово се оддалечиле четири лица од Непал, со привремен престој во Скопје, кои биле вработени во компанија од Тетово, подружница Скопје, каде што тој е управител. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, велат од МВР.
 
Ова не се првите вакви случаи, а заштита нема никаква.Дали ова значи дека пропаѓаат во вода надежите за увоз на станска работна сила?

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде