Vrabotuvanje.com - Производителот на познатите Моцарт кугли ја затвора својата фабрика
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Производителот на познатите Моцарт кугли ја затвора својата фабрика

Salzburg Schokolade, познат производител на чоколадни производи, вклучувајќи ги и познатите топчиња Мирабел Моцарт, до крајот на годината ќеја затворат својата фабрика во Гродигер, во близина на Салцбург.

Производителот на познатите Моцарт кугли ја затвора својата фабрика

Одлуката е донесена откако фабриката се соочила со сериозни финансиски проблеми, вклучително и драстичен пораст на цените на суровините.

Компанијата пред две и пол години отиде во стечај, а ја презеде романската слаткарница KEX, дел од групацијата Julius Meinl.

Но, по преземањето, во 2022 година дојде до намалување на производството и отпуштање на 25 работници поради зголемени трошоци.

Годинава драстичното поскапување на какаото кое тројно се зголеми, доведе до одлука фабриката целосно да се затвори.Salzburg Schokolade, која е основана во 1897 година, произведува ексклузивни чоколадни производи за Mondalez, како што е „Echte Salzburger Mozartkugel“. Нуди и други производи како Салцбург чоколадо, Марија Терезија и Боби чоколадни плочки, како и чоколадни полупроизводи и глазури, пренесува Kleinezeitung.

Затворањето на фабриката ја остава неизвесна судбината на 65 вработени, а по третата средба се уште не се знае што ќе биде со нивните работни места.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде