Vrabotuvanje.com - Внимавајте каде го паркирате автомобилот во Грција!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Внимавајте каде го паркирате автомобилот во Грција!

Новите правила во Грција ги шокираа нашите туристи, но грчката полиција е немилосрдна.

Внимавајте каде го паркирате автомобилот во Грција!

Имено, ако го паркирате автомобилот некаде каде не е дозволено, на пример во близина на плажа или шеталиште, ризикувате да ви ги отстранат регистарските таблички на лице место, но и да платите поголема казна.

Инаку, во Грција во зависност од тоа каде непрописно сте ја паркирале колата, полицијата може да ви напише казна од 40 до 80 евра. Тамошните прописи предвидуваат дека е можно и привремено одземање на возачка дозвола за десет дена, додека сообраќајната дозвола може да се одземе до дваесет дена.

Доколку паркирате на простор резервиран за лица со попреченост, казната е 150 евра, а десет дена ќе ви бидат одземени возачката и сообраќајната дозвола.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде