Vrabotuvanje.com - Нашите градежници најмногу работат во Германија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Нашите градежници најмногу работат во Германија

Вредноста на договорената рата во странство на домашната градежна оператива во првата половина од годинава изнесува 199.737 илјади денари, што е за 4,4 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Нашите градежници најмногу работат во Германија

Во првите шест месеци од годинава, нашата градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 100 192 илјади денари, што е за 16,2 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Домашните градежници во периодот јануари – јуни работеле во Германија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Чешка, Данска, Босна и Херцеговина и во Србија.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде