Vrabotuvanje.com - Над 50.000 нерегистрирани автомобили се возат низ улиците и патиштата во Македонија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Над 50.000 нерегистрирани автомобили се возат низ улиците и патиштата во Македонија

Над 50.000 нерегистрирани автомобили се возат низ улиците и патиштата во Македонија

Во сообраќајот во нашата земја секојдневно учествуваат над 50.000 автомобили, на кои регистрацијата им е истечена. Ова се податоци според Централниот систем за издавање на полиси за авто одговорност во НБО, кои ги објави порталот ПАРИ. Поседувањето на полиса за осигурување на возило е законска одредба, но не сите го почитуваат тоа.

Осигурувањето покрај регистрацијата на возилото е задолжителна секоја година. Со регистрацијата се стекнувате со авто-осигурителна полиса, со која се заштитувате себе како возач, но и другите учесници во сообраќајот од потенцијални нездоди и штети.

Доколку не поседувате осигурителна полиса, а ви се случи некоја незгода, тогаш вие ја покривате целата штета, а згора на тоа ќе платите и казна.

Извор: mk.tv21.tv
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде