Vrabotuvanje.com - Од денес попладне во прекин системите е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Од денес попладне во прекин системите е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ

Управата за јавни приходи соопшти дека од денес попладне нема да бидат во функција системите е-ПДД и е-Даночни услуги, а можни се прекини и во работењето на апликацијата „МојДДВ“.

Од денес попладне во прекин системите е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ

Прекините, како што информира УЈП, се поради надградба на овие системи.

- Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период,  можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира, се вели во информацијата од УЈП.

Апелираат до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин.

Извор: 24.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде