Vrabotuvanje.com - Првиот снег и студен бран на повидок – Попоски најави ниски температури и обилни врнежи во Македонија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Првиот снег и студен бран на повидок – Попоски најави ниски температури и обилни врнежи во Македонија

Во текот на втората половина од претстојната седмица, Македонија и Балканскиот Полуостров ќе бидат зафатени од студен бран кој ќе донесе прв снег на високите планини, најави метеорологот Славчо Поповски.

Првиот снег и студен бран на повидок – Попоски најави ниски температури и обилни врнежи во Македонија

Спуштањето на значително поладен воздух од север ќе резултира со обилни врнежи, а планините во Словенија ќе бидат погодени од особено обилен снег.

Во Македонија, интензивните врнежи од дожд може да предизвикаат локални поплавувања. Според прогнозите, температурите за време на викендот ќе бидат невообичаено ниски за месец септември, со максимални дневни вредности кои ќе се движат од 15 до 23 степени.

Покрај тоа, метеоролозите не ја исклучуваат можноста за појава на прв утрински мраз за оваа сезона, особено на планинските места. Овој студен бран ќе биде првиот значаен показател за почетокот на зимската сезона во регионот.

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде