Vrabotuvanje.com - APTIV - компанија која стипендира и овозможува практична работа за надежни и креативни студенти, го организираше студентскиот инженерски натпревар - овогодинешниот EBEC
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

APTIV - компанија која стипендира и овозможува практична работа за надежни и креативни студенти, го организираше студентскиот инженерски натпревар - овогодинешниот EBEC

APTIV - компанија која стипендира и овозможува практична работа за надежни и креативни студенти, го организираше студентскиот инженерски натпревар - овогодинешниот EBEC

APTIV е еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија, што испорачува напредни електрични, електронски и безбедносни решенија за производителите на возила ширум светот, овозможувајќи им да ги направат своите возила побезбедни, поеколошки и подобро поврзани.

Во 2016 година APTIV ја отвори својата прва локација во Македонија, во Скопје - Технолошко индустриско развојно зона, Бунарџик.

Во среда на 19.12.2018 во просториите на АПТИВ СЕРВИСЕС МАКЕДОНИЈА, во соработка со студентската организација БЕСТ, беше организиран студентски инженерски натпревар - овогодинешниот EBEC, со задача - Case Study (за потребите на АПТИВ СЕРВИСЕС МАКЕДОНИЈА) .

Во натпреварот учествуваа 20 студенти од техничките факултети, поделени во 5 тима, по 4 студенти. Студентите добија 2 проблеми за решавање од производствениот инженеринг на Аптив.

Директорот на компанијата Боријан Борозанов им се обрати на студентите за добредојде и им даде поддршка, посакувајќи им среќа во натпреварувањето.

Студентите имаа 4 часа тимска креативна работа, каде можеа да ја истакнат својата инвентивност и иновативност. Комисијата беше составена од 2 претставници- асистенти од факултетите и еден Инженер- претставник од компанијата.

Секој тим откако го разработи проблемот, го презентираше потенцијалото решение пред тричлената комисија и пред претставници од БЕСТ, Менаџерот на Производствениот инженеринг на Аптив Александар Милевски  и претставници од одделот за ЧР.

Беше изгласан победничкиот тим кој имаше најоригинална, изводлива и најдобра идеа која може да се реализира во производниот процес и да допринесе во оптимизацијата, брзината  и квалитетот на завршниот производ.

Победниците беа наградени од страна на Менаџерот за човечки ресурси Афродита Гоцевска со вредносни ваучери, а сите учесници добија утешителни награди, едно огромно искуство и нови знаења.

Студентите кои победија, ќе заминат на регионален - европски натпревар EBEC во Република Србија и Италија, каде ќе ја претставуваат нашата земја и ќе ја промовираат компанијата.

АПТИВ СЕРВИСЕС МАКЕДОНИЈА и понатаму останува отворен за млади луѓе кои имаат сопствени идеи и сакаат да учат нови работи и да допринесат на компaнијата и инженерскиот тим. Продолжуваме да стипендираме и да овозможуваме практична работа за надежните и креативни студенти од нашата земја.

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде