Vrabotuvanje.com - Се нормализира железничкиот сообраќај по еднодневниот штрајк на машиновозачите
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Се нормализира железничкиот сообраќај по еднодневниот штрајк на машиновозачите

По еднодневен прекин на сообраќајот на возовите во земјава поради штрајкот на машиновозачите, попладнево во 14:30 часот со повторно пуштање во сообраќај на возот Скопје – Битола преку Велес и Прилеп повторно е воспоставен железничкиот сообраќај во земјава, информираат за МИА од Железничката станица Велес.

Се нормализира железничкиот сообраќај по еднодневниот штрајк на машиновозачите

Следен воз е возот кој од Скопје за Гевгелија поаѓа попладнево во 16:55 часот.

Според информациите прекинот на железникиот сообраќај бил поради неисплатени додатоци на плата на машиновозачите и кондуктерите за поминати километри и минат труд, кои по еднодневен штрајк им биле одобрени од раководниот тим на ЈП Македонски Железници транспорт.

Инаку, поради штрајкот на машиновозачите и вчера и утрово голем број патници од Велес и другите попатни станици најмногу од нив работници, ученици и студенти кои секојдневно патуваат за Скопје и имаат купени месечни билети од Железница мораа да си дадат дополнителни средства и до Скопје наместо со воз да патуваат со автобус. Голем дел од нив реагираат дека утрово дале дополнително средства и задоцниле на работа или на училиште.

Како што информираат од Железничката станица во Велес, попладнево и утре сабајле сите возови од Скопје и од Велес за Скопје и останатите дестинации ќе сообраќаат според возниот ред.

Извор: skopjeinfo.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде