Vrabotuvanje.com - „Му побарале 200 евра за оброк кој чинел 800 денари“ – време е да се формира туристичка полиција?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

„Му побарале 200 евра за оброк кој чинел 800 денари“ – време е да се формира туристичка полиција?

Македонија, земја со богато културно наследство и природни убавини, се соочува со сериозен проблем кој го загрозува туристичкиот сектор.

„Му побарале 200 евра за оброк кој чинел 800 денари“ – време е да се формира туристичка полиција?

Странските туристи, привлечени од убавините на Охрид, Скопје и од другите градови, сè почесто стануваат жртви на неправедно наплаќање угостителски услуги и измами.

Недостатокот на ефикасен механизам за жалби и заштита на потрошувачите ги остава туристите без поддршка во случаи на финансиска злоупотреба.

Неодамна, турист од Холандија доживеал непријатно искуство во еден ресторан во центарот на главниот град, каде што бил соочен со сметка од скоро 200 евра за оброк кој реално чинел околу 800 денари.

За среќа, група домашни туристи кои седеле во близина, веднаш интервенирале, спречувајќи го обидот за измама и принудувајќи ги келнерите да издадат регуларна фискална сметка.

Овој инцидент поттикна еден туристички работник од Скопје, кој сака да остане анонимен, да изрази загриженост за состојбата во туристичкиот сектор.

„Сведок сум на повеќе случаи каде што странските туристи се оставени на милост и немилост на некоректни практики. Потребна ни е туристичка полиција и посебна инспекција која ќе ги штити правата на туристите и ќе ја негува довербата во нашиот туристички сектор“, изјави тој.

Ваквиот негов повик за акција е ехо на сè посилните барања од страна на туристичките работници и домашните туристи за формирање на органи кои ќе гарантираат безбедност и сигурност за сите посетители на земјата.

Со формирањето на туристичка полиција и инспекција, Македонија би можела значително да го подобри својот имиџ како гостопримлива и безбедна дестинација за туристи од целиот свет.

Од 119.000 туристи што во јуни ја посетиле земјава, дури една третина, односно 40.403 престојувале во Скопје, покажуваат статистичките податоци.

Извор: denar.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде