Vrabotuvanje.com - 95 отсто од луѓето не можат да ја решат оваа математичка задача од Харвард. Дали го знаете одговорот?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

95 отсто од луѓето не можат да ја решат оваа математичка задача од Харвард. Дали го знаете одговорот?

На социјалните мрежи повторно се споделува математичка задача од 2021 година, која наводно била поставена на интервју за прием на Универзитетот Харвард.

95 отсто од луѓето не можат да ја решат оваа математичка задача од Харвард. Дали го знаете одговорот?

Задачата со која е објаснето дека 95 отсто од луѓето не можат да ја решат збуни многумина, а судејќи по коментарите и денес многу луѓе се мачат со точниот одговор.

„Седум мажи имаат седум жени. Секој маж и секоја жена имаат седум деца. Колкав е вкупниот број на луѓе?“, гласи задачата.

Одговорите на корисниците се различни и варираат, од 21 па сè до 448. „Ова е игра со зборови“, коментирала една личност, додека друга додала: „Постојат неколку одговори и ниту еден не е погрешен“.

„Ова е двосмислено прашање, што претпоставувам дека е поентата на задачата“, коментирала трета и погодила дека станува збор за прашање со два точни одговори.

Имено, ако секој маж има една жена, точниот одговор е 63 (да претпоставиме дека се седум парови, т.е. седум мажи и седум жени, значи 14 луѓе. Секој пар има седум деца, така што тоа е вкупно 49 деца плус 14 возрасни, вкупно 63).

Меѓутоа, ако секој маж има седум жени, одговорот е 392 (ако секоја од 49-те жени има седум деца, тоа е 343, а ако секој маж има седум деца, тоа е 49, што е еднакво на 392).

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде