Vrabotuvanje.com - Падна првиот снег и во Хрватска: Вклучени се сите метеоролошки аларми на Јадранот, се закануваат и поплави
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Падна првиот снег и во Хрватска: Вклучени се сите метеоролошки аларми на Јадранот, се закануваат и поплави

Утрото во Хрватска на Платка падна првиот снег годинава.

Падна првиот снег и во Хрватска: Вклучени се сите метеоролошки аларми на Јадранот, се закануваат и поплави

Во остатокот од утрото снегот ќе продолжи да паѓа на Платка, а можеби ќе завеат и највисоките делови на Радешево, пишува Истрамет.

На сила е портокалово предупредување – опасно време за целиот Јадран, додека остатокот од Хрватска е под жолто предупредување – потенцијално опасно време, поради обилните врнежи од дожд, издадени се предупредувања за можни поројни поплави на Јадранот, соопштија од Државниот хидрометеоролошки завод.

Поради минувањето на циклонот Борис, Европа се подготвува за најтешките поплави во последните децении, објави ХРТ.

Според прогнозите на чешките и полските метеоролози, во некои области на нивните земји во следните четири дена може да наврнат и до 400 литри дожд на метар квадратен, а во Австрија и Словачка околу 200 литри.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде