Vrabotuvanje.com - Земјоделците можат да ги брендираат своите производи
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Земјоделците можат да ги брендираат своите производи

Земјоделците, преработувачите или трговците можат да ги брендираат, односно да ги заштитат своите производи на пазарот. За изработката на елаборатите и спецификација за регистрација на производот можат да побараат помош од Програмата за рурален развој за 2024 година …

Земјоделците можат да ги брендираат своите производи

Во тек е повикот за техничка поддршка за брендирање на производство, преработка или трговија на ист земјоделски или прехранбен производ. Корисници на средствата се земјоделци или група на оператори со храна.

Помошта се однесува за покривање на трошоци за елаборати за заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет.

Максималниот износ на поддршката не може да е повеќе од 300.000 денари и изнесува 80 проценти од прифатливите трошоци, односно за спецификацијата на производот, лабораториски анализи, истражување на пазарот и трошоците за контрола.

Корисниците на техничката поддршка во рок од десет дена по завршување на активноста треба да достават извештај за реализираната активност до Министерството.

Заинтересираните треба да достават и предлог за добивање на средствата во рок од 60 дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневниот печат, односно од 16-ти август.

Извор: mrt.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде