Vrabotuvanje.com - Јапонија има повеќе од 95.000 стогодишници, а 90 отсто од нив се жени
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Јапонија има повеќе од 95.000 стогодишници, а 90 отсто од нив се жени

Јапонија има нов рекорд за долговечност со повеќе од 95.000 луѓе на возраст од 100 или повеќе години, од кои речиси 90 отсто се жени, покажуваат владините податоци.

Јапонија има повеќе од 95.000 стогодишници, а 90 отсто од нив се жени

Тие укажуваат на демографска криза што ја погодува четвртата по големина економија во светот, чие население старее и опаѓа.

Јапонија на 1 септември имала 95.119 стогодишници, 2.980 повеќе од пред една година, вклучувајќи 83.958 жени и 11.161 мажи, соопшти Министерството за здравство.

Посебните податоци што ги објави Министерството за внатрешни работи и врски во неделата покажуваат дека бројот на лица на возраст од 65 и повеќе години достигнал рекордни 36,25 милиони или 29,3 отсто од вкупното население.

Откако претходниот рекордер за долговечност Марија Брањас Морера почина минатиот месец на 117-годишна возраст, Италијанецот Томико Итока, 116-годишен роден на 23 мај 1908 година, сега е најстариот жив човек, според Американската геронтолошка истражувачка група.

Извор: nezavisen.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде