Vrabotuvanje.com - Пчеларите смислуваат нови производи за да заработат – сте пробале мед со цвекло?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Пчеларите смислуваат нови производи за да заработат – сте пробале мед со цвекло?

Пчеларите од Повардарјето се соочуваат со сериозни предизвици оваа година, со речиси преполовени приноси на мед.

Пчеларите смислуваат нови производи за да заработат – сте пробале мед со цвекло?

Според пчеларот Војдан Марковски, причина за ова се климатските промени, сушата и пожарите, кои го уништија природниот циклус на нектар и полен.

„Без вода нема вегетација, а без вегетација нема ни мед“, вели Марковски, додавајќи дека неговите приноси оваа година се значително пониски во споредба со времето на неговиот дедо.

Воените случувања во Украина, исто така, имаат влијание врз пазарот.

Евтиниот украински мед, кој се увезува по ниска цена, создава нелојална конкуренција на домашните производители, кои се принудени да го продаваат својот мед по двојно повисока цена.

Дополнителен проблем е депопулацијата во Македонија, каде младите, кои претставуваат значителен сегмент од пазарот, се иселуваат во странство.

Иновации како излез од кризата

За да одговорат на овие предизвици, пчеларите мораат да најдат иновативни решенија.
Марковски развива нови производи со мед, комбинирани со природни состојки како цвекло во прав и лешници.

„Народот се засити од чист мед. Сега бара додадени вредности“, вели Марковски, кој преку новите производи се обидува да го задржи пазарниот интерес и да го осигура опстанокот на пчеларството во земјата.

Експертите велат дека иднината на пчеларството лежи во иновации и прилагодување кон новите услови.

И климатолозите предупредуваат дека ефектите на климатските промени допрва ќе се влошуваат, а пчеларите треба да се подготват за уште поекстремни услови.

И покрај тешкотиите, пчеларите остануваат решени да продолжат со својата традиција и да најдат начини за опстанок на македонскиот мед на домашниот и странскиот пазар.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде