Vrabotuvanje.com - Од јануари казни за оние кои возат со стари возачки - Еве колку ќе треба да платите!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Од јануари казни за оние кои возат со стари возачки - Еве колку ќе треба да платите!

Возачките дозволи со старото име, треба да се заменат до први јануари 2025 година. Доколку возачите тоа не го сторат и продолжат да возат со возачки со старото име и доколку бидат застанати од сообраќајната полиција, ќе треба да платат казна.

Од јануари казни за оние кои возат со стари возачки - Еве колку ќе треба да платите!

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршочен патен налог и казна во износ од 100 евра ќе добие возачот доколку биде фатен со неважечка возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.

Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. 

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде