Vrabotuvanje.com - Просечната нето плата во јули надминува 40 илјади денари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Просечната нето плата во јули надминува 40 илјади денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Просечната нето плата во јули надминува 40 илјади денари

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19,1%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,6 %) и Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување (16,7%) - се наведува во соопштението на ДЗС.

Наспроти нив, намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9,9%), Административни и помошни услужни дејности
(5,6%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,4%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во јули изнесувала 61.569 денари и во однос на јули 2023 година е повисока за 3,1 отсто.

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде