Vrabotuvanje.com - Крш, мизерија... Дали Скопје ја заслужува титулата „грд град во Европа“?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Крш, мизерија... Дали Скопје ја заслужува титулата „грд град во Европа“?

Не стивнуваат критиките на сметка на Скопје, градот кој како главен треба да личи на метропола и да ги задоволува потребите на бројните жители. За жал, граѓаните секојдневно сведочат дека градот е „хаос“ во секој можен аспект, а предничи во сообраќајниот метеж и неред, загадениот воздух, како и во нехигиената.

Крш, мизерија... Дали Скопје ја заслужува титулата „грд град во Европа“?

Сепак, за ова придонесуваат самите жители кои реагираат на овие проблеми, а како такви се директни учесници во сообраќајот и во еколошкиот аспект на околината. Се разбира, со чест на исклучоците кои „креваат притисок“ од несовесните сограѓани.  

- Скопје полека, но сигурно станува и еден од најгрдите градови во Европа. Тоа дека е највалкан и најзагаден во Европа е одамна апсолвирано, и научно и секако, ама стана и ептен грд град. Овој дел па кај МТВ, МКЦ, карши Народна банка, отсекогаш бил крш. Мизерија. Алија Сиротановиќ, коментира еден твитерџија. 

Коментари има и за сообраќајниот хаос, особено во денови кога ќе заврне дожд. Дождот дефинитивно не им е „пријател“ на скопските возачи. 

Извор: skopjeinfo.mk 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде