Vrabotuvanje.com - Просечната плата пак се зголеми -изнесува 40 961 денари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Просечната плата пак се зголеми -изнесува 40 961 денари

Просечната плата пак се зголеми -изнесува 40 961 денари Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40 961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработенво секторите: Образование (19,1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,6 %) и Јавна управа иодбрана; задолжително социјално осигурување (16,7 %). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележаново секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9,9 %), Административни и помошни услужни дејности(5,6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,4 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во јули изнесувала 61 569 денари и во донсо на лули 2023 година е повисока за 3,1 отсто

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде