Vrabotuvanje.com - НУДАТ ПАРИ ЗА ДОСЕЛУВАЊЕ: Мало место во Лапонија бара нови жители
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

НУДАТ ПАРИ ЗА ДОСЕЛУВАЊЕ: Мало место во Лапонија бара нови жители

Малиот шведски град Гломерстреск во Лапонија нуди финансиска стимулација за луѓе кои би се доселиле кај нив.

НУДАТ ПАРИ ЗА ДОСЕЛУВАЊЕ: Мало место во Лапонија бара нови жители

Градот се соочува со сериозно намалување на населението и затоа властите одлучија да понудат атрактивни финансиски стимулации за семејствата што ќе одлучат да се преселат таму. Овие семејства ќе добијат речиси 900 евра, меѓутоа, постојат неколку услови. Условот е да имате деца на возраст помеѓу 6 и 15 години кои ќе посетуваат локално основно училиште најмалку една година.

Во 50-тите години градот имал околу 1.000 жители, но денес има само околу 200. Локалната заедница во градот покрена иницијатива да им понуди 875 евра на првите семејства што ќе се преселат.

Гломерстреск се наоѓа во срцето на лапонската дивина, опкружен со шуми и прекрасни езера. Областа е популарна кај љубителите на зимските спортови, како што се скијање, возење со санки и риболов на мраз. Во летните месеци можете да уживате во пешачење, риболов и кампување во недопрена природа.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде