Vrabotuvanje.com - “Не дај Боже да ти затреба лек што не оди на рецепт, прескапо е” – Дали лекувањето во Македонија стана луксуз?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

“Не дај Боже да ти затреба лек што не оди на рецепт, прескапо е” – Дали лекувањето во Македонија стана луксуз?

Дали лекувањето во Македонија стана луксуз, кое не секој може да си го дозволи?

“Не дај Боже да ти затреба лек што не оди на рецепт, прескапо е” – Дали лекувањето во Македонија стана луксуз?

Не постои човек на кого не му се потребни одредени лекови, витамини или суплементи за одржување на здравјето, но во државава има граѓани кои одвај сврзуваат крај со крај.

Цените во аптеките се високи, особено на оние лекови кои мора да си ги платите приватно, а терапијата мора да се зема. Се вели здравјето нема цена, но кога се лековите во прашање и тоа како има цена.
 

Граѓаните се децидни дека лекувањето во земјава е скапо, особено за пензионерите кои имаат ниски пензии, а поради нарушеното здравје треба да земаат дури неколку видови на лекови за да преживеат.

“Се кубури, особено за оние кои земаат редовна терапија е особено скапо. Лековите се навистина скапи за нашиот стандард”, вели една граѓанка.

“Скапи се. Божем на позитивна листа, но и тие ги нема”, додава друга.

Поголемиот дел од нив велат не забележале поскапување во последниов период, но дека лековите, витамините и суплементите одамна се скапи па бараат што побрзо намалување на цените. Има и такви кои велат има поскапување, но воопшто не се ни надеваат на намалување на цените.

“Не дај Боже да треба да пиеш лек, а да не оди на рецепт… скапо е”, вели друга револтирана граѓанка.

Целиот текст прочитајте го на: 24info.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде