Vrabotuvanje.com - Сеизмолошката опсерваторија објави мерки за заштита од земјотрес: Еве што треба да правите во случај на потрес
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сеизмолошката опсерваторија објави мерки за заштита од земјотрес: Еве што треба да правите во случај на потрес

Со случениот земјотрес изутринава во град Скопје, на 23.09.2024 година, во 02:02 часот по локално време, со локална Рихтерова магнитуда ML=3.4, кој ги вознемири жителите на град Скопје, Велес, Свети Николе и околните населени места, ја користиме оваа прилика да се потсетиме на мерките за заштита од земјотрес. Ве замолуваме да го скенирате следниот QR код, кој ќе Ве упати кон мерките за заштита пред, за време и по случен земјотрес.

Сеизмолошката опсерваторија објави мерки за заштита од земјотрес: Еве што треба да правите во случај на потрес

Сеизмолошката Опсерваторија при ПМФ – Скопје нуди стручни предавања од оваа област на ученици и останати заинтересирани лица. Можете да не контактирате на нашата фб страница, како и на нашата Веб страна https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/, или пак на е-пошта seismobsko@pmf.ukim.mk.

Со ова известување упатуваме и апел за пополнување на прашалникот за почуствуван земјотрес во случај на почуствуван земјотрес од Ваша страна, а ваквите податоци се од големо значење за работата на Сеизмолошката опсерваторија.

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде