Vrabotuvanje.com - Дневница од 2.500 денари - Се бараат берачи на јаболка во Македонија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дневница од 2.500 денари - Се бараат берачи на јаболка во Македонија

Почна сезоната на берба на јаболка, а со тоа изминативе денови зачестија огласите за барање на берачи.

Дневница од 2.500 денари - Се бараат берачи на јаболка во Македонија

Само околу илјада работници се потребни во Преспа за берба на јаболката. 

Според објавите на социјалните мрежи дневниците се движат од 2.000 до 2.500 денари, а дел од овоштарите на берачите им нудат храна и бесплатно сместување. 

Обично, за берба во преспанско-ресенскиот регион се пријавуваат работници од соседните општини кои ќе бидат ангажирани на берба со денови, без слободни викенди. 

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде