Vrabotuvanje.com - Приватните автобуси со редуциран распоред – бараат 134 денари по километар
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Приватните автобуси со редуциран распоред – бараат 134 денари по километар

На станицата во Синѓелиќ, улениците долго чекаа за да стигнат на училиште, а една граѓанка ни кажа дека доцни на работа.

Приватните автобуси со редуциран распоред – бараат 134 денари по километар

Сообраќањето на приватните автобуси со намален распоред започна од вчера и ќе продолжи се до решавање на проблемот за покачување на тарифата по километар, рече приватниот превозник Хисен Халили. Тој вели дека со цената што е одредена пред 8 години функционираат до сега, со 68 денари по километар, а тие сега бараат 134 денари.

„Всушност, поентата е што додаваме пари, а не заработуваме, секој работи за да заработи! Имаше консултации, средби со Град Скопје за овој проблем и конечно беше постигнат договор  дека пред оваа седница што вчера ја имаше Советот на Град Скопје, советничката г. Макфире Хисени дава иницијатива за промена на цената, таа во понеделникот ја достави до претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славевски и до градоначалничката Данела Арсовска. Данела Арсовска дала позитивно мислење за ова бидејќи претходно била информирана за истото, но претседателот на Советот на Град Скопје не ја стави оваа точка на дневен ред за нашиот случај“, вели Хисен Халили.

Целиот текст прочитајте го на: mk.tv21.tv
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде