Vrabotuvanje.com - Продавниците на Телеком нема да работат за претстојниов викенд, се работи на имплементацијата на нова иновативна платформа
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Продавниците на Телеком нема да работат за претстојниов викенд, се работи на имплементацијата на нова иновативна платформа

Македонски Телеком ги известува корисниците дека за време на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври 2024 година, продавниците на Телеком низ цела Македонија нема да работат.

Продавниците на Телеком нема да работат за претстојниов викенд, се работи на имплементацијата на нова иновативна платформа

Се работи на имплементирање на нова ИТ платформа којашто ќе го подобри оперативното работење за подобро корисничко искуство.

Дополнително, викендов нема да биде во функција ниту онлајн продавницата на Телеком поради истата надградба. Од понеделник, 7 октомври, сите продажни канали ќе бидат повторно достапни.

Целта на креирањето на новата иновативна ИТ платформа е унапредување на секојдневните деловни процеси, зголемување на продуктивноста на вработените, како и поефикасно опслужување на корисниците, се вели во соопштението на компанијата.

 
 
 
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде