Vrabotuvanje.com - За две недели заработила 10.000 евра на Октоберфест: Келнерката Ева ги открива деталите
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

За две недели заработила 10.000 евра на Октоберфест: Келнерката Ева ги открива деталите

За две недели работа на Октоберфест во Минхен, келнерите и келнерките заработуваат од 5.500 до 10.000 евра нето, а понекогаш и значително повеќе. Од друга страна, за тие две недели шаторите остваруваат промет до девет милиони евра.

За две недели заработила 10.000 евра на Октоберфест: Келнерката Ева ги открива деталите

Како што пишуваат германските медиуми, за да можат воопшто да работат на Октоберфест, келнерите и келнерките мора да им платат на домаќините 1.500 евра однапред за храна и пијалоци како и за чистење на садовите што ги користат или евентуално ги кршат. За сместување треба да одвојат до 2.500 евра.

Ева работела како келнерка на Октоберфест и преку ТикТок открила дека најскапото сместување е 2.500 евра, во собата каде што спиела имало само душеци, а во собата спиеле пет лица, пишува магазинот Феникс.

„ТикТокерката“ нагласува дека келнерките и келнерите на Октоберфест не добиваат фиксен час, туку добиваат процент од продажбата.

Според информациите на порталот ТЗ, домаќините на големите шатори на Октоберфест за две недели остваруваат до осум и девет милиони евра промет. Од тоа им останувале околу милион евра добивка. И помалите шатори имаат продажба од милион до два милиони евра.

Минатата година Октоберфест му донесе на градот околу 1,49 милијарди евра.

Извор: denar.mk

 
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде