Vrabotuvanje.com - Шест часа – 225 евра: Европска метропола брутално ги покачи цените за паркирање на еден вид автомобил
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Шест часа – 225 евра: Европска метропола брутално ги покачи цените за паркирање на еден вид автомобил

Од минатата недела цените за паркирање во Париз значително се зголемија за теренците, SUV возила и другите многу тешки автомобили. Еден час чини 18 евра, а оние кои сакаат да паркираат шест часа плаќаат дури 225 евра.

Шест часа – 225 евра: Европска метропола брутално ги покачи цените за паркирање на еден вид автомобил

Жителите на Париз, трговците и лицата со посебни потреби се ослободени од програмата. На периферијата на градот, еден час паркирање е само малку поевтино: 12 евра.

Новите цени важат за автомобили со мотор со внатрешно согорување и хибридни автомобили со тежина над 1.600 килограми и за електрични возила со тежина над 2.000 килограми. Ова се однесува само за јавните паркинг места во центарот на Париз. Тоа не се однесува на таксисти на такси стојалишта, занаетчии или здравствени работници. Цената ќе ја платат туристите и посетителите, а се проценува дека се работи за околу 900.000 возила.

Ова е одлуката што жителите на француската престолнина ја донесоа на референдум во февруари. За зголемување на надоместокот биле 54,5 отсто од гласачите, а против околу 45,5 отсто. Мора да се каже и дека на референдумот излегле само околу шест отсто од 1,3 милиони жители на Париз, пренесува Индекс.

Извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде