Vrabotuvanje.com - НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: Престижен американски магазин ја прогласи Австрија за најгостопримлива, еве кој друг влезе во топ 10
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: Престижен американски магазин ја прогласи Австрија за најгостопримлива, еве кој друг влезе во топ 10

Лесно е да се одреди кој град е „пријателски“. Дали луѓето му се заблагодаруваат на возачот на автобусот кога ќе се симнат? Дали мештаните со задоволство застануваат и даваат насоки на туристите? Дали вашиот бариста ве поздрави со насмевка? Но, цели земји е малку потешко да се класифицираат – диспозицијата на луѓето на север може да биде навистина различна од оние на југот, на крајот на краиштата, а истото важи и за жителите на градовите и за жителите на село.

НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: Престижен американски магазин ја прогласи Австрија за најгостопримлива, еве кој друг влезе во топ 10

Но, тоа не ги спречи Condé Nast Traveller’s Readers’ Choice Awards да се обидат да ги именуваат најпријателските земји во Европа. Публикацијата за патувања рангираше 10 земји низ континентот врз основа на тоа колку се гостопримливи – базирани врз искуствата на читателите кои ги прошетале овие земји.

Според резулатите, првото место припадна на Австрија. Добивајќи импресивни 93,88 проценти од 100, земјата го симна од тронот минатогодишниот шампион Ирска). Голема заслуга за тоа има Lebensgefühl – што значи свесност за животот – бидејќи локалното население ја цени убавината на Австрија и упатува покана и за другите да уживаат во неа.

На второ место е Ирска – шокантно – но интересно е Даблин не се најде на листата на најпријателски градови , додека Виена се најде. А на третата позиција за најпријателска земја се најде Хрватска.

Ова се 10-те најпријателски земји во Европа:

  1. Австрија
  2. Ирска
  3. Хрватска
  4. Португалија
  5. Грција
  6. Исланд
  7. Швајцарија
  8. Турција
  9. Шпанија
  10. Франција
Извор: pari.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде