Vrabotuvanje.com - Промоцијата – “Препорачај пријател и вози скутер со КРОШУ” продолжува!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Промоцијата – “Препорачај пријател и вози скутер со КРОШУ” продолжува!

Во месец октомври компанија Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ во Битола ги покачува платите на своите вработени па поради тоа сакаат да им дадат шанса уште на многу семејства од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и регионот да се згрижат и да осигураат сигурност и стабилност за себе и своите семејства.

Промоцијата – “Препорачај пријател и вози скутер со КРОШУ”  продолжува!

Поради тоа, промоцијата - “Препорачај пријател и вози скутер со КРОШУ” продолжува и во тековниот месец октомври.

Само за потсетување на условите за учество во промоцијата:

Главната награда е скутер, а сѐ што треба Вие да направите за да бидете во игра за скутерот е да аплицирате за потенцијално вработување во компанија преку пополнување на формата достапна на www.aplikacii.mk, а потоа линкот кој ќе Ви биде доставен на е-маил да го споделите со своите блиски со цел и тие преку таквиот линк да аплицираат и да станат потенцијален добитник на наградата.

Скутерот ќе го добие оној чијшто линк ќе биде во најголем број наврати искористен од други учесници за нивна апликација. Во промоцијата имаат можност да учествуваат сите граѓани.

Компанијата Кромберг & Шуберт е глобален снабдувач на кабелски спопови за автомобилската индустрија со фабрики на 40 локации низ целиот свет и повеќе од 50.000 вработени на глобално ниво.

Во моментот КШМК претставува најголем работодавач во Македонија со две фабрики (Битола и Скопје) каде вработува повеќе од 8500 луѓе.

Новата екстензија на фабриката во Битола со себе носи проширување на постоечките и новите проекти и секако ја зголемува можноста за унапредувања и отварање на нови работни места во фабриката.

Промоцијата ќе трае до 31.10.2024.

Препорачај пријател и вози скутер со КРОШУ!

Image preview

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде