Vrabotuvanje.com - Поплави во Сахара за првпат по половина век
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Поплави во Сахара за првпат по половина век

Дводневните врнежи од септември во неколку области на Сахарската област во југоисточниот дел на Мароко ги надминаа годишните просеци и предизвикаа поплави, соопштија официјални лица од метеоролошката агенција на земјата, јавува Н1.

Поплави во Сахара за првпат по половина век

Селото Тагунит на околу 450 километри јужно од главниот град Рабат, забележа повеќе од 100 мм дожд за 24 часа.

Сателитски снимки на НАСА покажуваат како езерото Ирики, кое е суво 50 години, се полни со вода.

„Поминаа помеѓу 30 и 50 години откако имавме толку многу дожд за толку краток временски период“, изјави за АП официјалниот претставник на метеоролошката агенција на Мароко Хаусин Јуабеб.

Овие дождови, кои метеоролозите ги нарекуваат екстратропска бура, би можеле да ги променат временските услови во регионот во наредните месеци и години.

„Како што воздухот задржува повеќе влага, тоа поттикнува повеќе испарување на водата и предизвикува повеќе бури“, изјави Јуабеб за американската агенција.

Генералниот секретар на Светска метеоролошка организација Селест Сауло изјави дека „циклусот на кружење на водата во природата ширум светот се менува со зголемена фреквенција“.

„Поради порастот на температурите, хидролошкиот циклус е забрзан. Исто така, стана непредвидливо и нестабилно и денес се соочуваме со растечки проблеми со премногу или премалку вода“, рече Сауло.

Во поплавите во Мароко минатиот месец загинаа 18 лица, а ефектите се проширија и во регионите кои беа погодени од земјотрес минатата година.

Извор: radiomof.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде