Vrabotuvanje.com - Цигарите поскапи за 10 денари по кутија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Цигарите поскапи за 10 денари по кутија

Цигарите поскапи за 10 денари по кутија

Некои од најпопуларните брендови на цигари, вклучувајќи ги Родео, Бос, Давидов и Вест, од вчера имаат повисоки цени, односно се продаваат поскапо за 10 денари.

Со почетокот на годинава, во Македонија стапија на сила измените на Законот за акцизите, со кои цигарите постепено ќе се усогласуваат со минималната акцизна стапка на Европската Унија. Ова зголемување ќе ги опфати цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари, а се предвидува и изедначување на вкупната акциза со пондерираната просечна малопродажна цена во ЕУ.

Трговците очекуваат дека до крајот на неделата и останатите марки ќе поскапат, со цел да се пресретне јануарското зголемување на акцизата и да се придонесат повеќе средства во буџетот.
Законот за акцизите, усвоен во октомври 2023 година, предвидува овие покачувања да се случуваат на 1 јануари секоја година, со што Владата очекува дополнителни 13 милиони евра годишно во државната каса. 
 
Извор: skopje.info.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде