Следната година пензиите ќе се зголемат за 5.000 денари
Следната година, пензиите во Македонија ќе се зголемат двапати, потврди новиот директор на ПИОМ, Никола Мемов.
Првото зголемување, од 2.500 денари, е најавено за март, а дополнително редовно услогласување се очекува во септември.
Мемов истакна дека оваа година пензионерите добиле зголемување од 11.7%, наместо предвидените 4% според важечката Методологија за пресметка на пензиите. „Главната цел на линеарното зголемување беше да обезбедиме подобар животен стандард за пензионерите и да ги намалиме разликите помеѓу највисоките и најниските пензии во државата“, рече Мемов.
За 2025 година, буџетот на ПИОМ е планиран на околу 2.2 милијарди евра, со дефицит од околу 27%. Оваа иницијатива се смета за важен чекор кон подобрување на животниот стандард на пензионерите и за унапредување на социјално-солидарниот концепт во пензискиот систем.