Vrabotuvanje.com - Според извештајот на Светска банка, Македонија со најнизок економски раст во регионот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Според извештајот на Светска банка, Македонија со најнизок економски раст во регионот

Според најновиот извештај на Светската банка, Македонија ќе ја заврши 2024 година со економски раст од само 1,8 проценти, значително под очекуваните 2,5 проценти. Ова ја става земјата на дното во регионот, со фискален дефицит од 4,9 проценти, просечна инфлација од 3,5 проценти и јавен долг од 63,5 проценти.

Според извештајот на Светска банка, Македонија со најнизок економски раст во регионот

Главни причини за нискиот раст се зголемените цени, бавното реализирање на јавните инвестиции, миграцијата, рецесијата во Германија, како и воените конфликти во Украина и на Блискиот Исток.

Сепак, позитивен импулс би можел да дојде од Планот за раст на Европската Унија. Иако заемот од Унгарија е оценет како поволен, Светската банка предупредува дека тоа може да го зголеми јавниот долг во иднина.

Во меѓувреме, Србија и Косово ќе ја завршат годината со раст од 3,8 проценти, по што следува Црна Гора со 3,4 проценти и Албанија со 3,3 проценти. Босна и Херцеговина, пак, се очекува да има раст од 2,8 проценти.

Прочитај повеќе на: kanal5.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде