Vrabotuvanje.com - Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот: Викендов почнува зимското сметање на времето
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот: Викендов почнува зимското сметање на времето

Во недела, на 27 октомври 2024 година, во Македонија и поголемиот дел од земјите во Европа ќе се поместат часовниците 1 час назад, од 3 часот по полноќ на 2 часот, со завршувањето на летното сметање на времето.

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот: Викендов почнува зимското сметање на времето

Со оглед на тоа што Европа опфаќа различни временски зони, преминувањето од летно на стандардно време (познато и како зимско) ќе се случи во различни локални времиња. Според правилата на Европската Унија, летното сметање на времето започнува во последната недела од март и завршува во последната недела од октомври.

Некои земји во Европа, како што се Русија, Исланд и Белорусија, не применуваат летно сметање на времето.

Во САД и Канада, завршувањето на летното сметање на времето е предвидено за една недела подоцна, на 3 ноември 2024 година.

Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде