Vrabotuvanje.com - Масовно труење со храна во рестораните на „Мекдоналдс“ во САД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Масовно труење со храна во рестораните на „Мекдоналдс“ во САД

Најмалку едно лице почина, десет се хоспитализирани, а 49 се разболеле поради труење со бактеријата ешерихија коли во франшизите на Мекдоналдс во десет американски држави.

Масовно труење со храна во рестораните на „Мекдоналдс“ во САД

Официјални лица на американскиот Центар за контрола на болести и здравје (ЦДЦ) тврдат дека сите случаи се поврзани со хамбургерите Quarter Pounder на светски познатиот синџир за брза храна Мекдоналдс, пренесе Си-Ен-Ен, пренесува РТС.

Во Колорадо почина постаро лице, а меѓу хоспитализираните има и дете. Инфекции беа пријавени помеѓу 27 септември и 11 октомври во Колорадо, Ајова, Канзас, Мисури, Монтана, Небраска, Орегон, Јута, Висконсин и Вајоминг“, се вели во соопштението на ЦДЦ.

Најмногу случаи на труење се забележани во Колорадо – 26.

„Сите граѓани со кои е разговарано сведочеа дека јаделе во „Мекдоналдс“, а поголемиот дел од нив консумирале хамбургери од „четири унци“, се вели во извештајот на ЦДЦ.

Американското Министерство за земјоделство (УСДА), Управата за храна и лекови (ФДА) и државните здравствени власти го истражуваат труењето. Иако специфична состојка сè уште не е идентификувана како причина, се верува дека труењето е предизвикано од говедско месо и кромид.

„Кромидот од добавувачот најверојатно е причина за труењето“

Претставниците на Мекдоналдс велат дека некои случаи на заболувањето се поврзани со кромидот обезбеден од еден од добавувачите.

Компанијата ја прекина дистрибуцијата на кромидот и привремено ја повлече спорната плескавица од менито во државите со пријавени случаи, како и делови од Ајдахо, Невада, Ново Мексико и Оклахома.

„Ние ја сфаќаме безбедноста на храната многу сериозно и тоа е единствената исправна работа“, велат од компанијата.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде