Vrabotuvanje.com - Пластичните кеси забранети во Црна Гора, казните до 40.000 евра
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Пластичните кеси забранети во Црна Гора, казните до 40.000 евра

Во Црна Гора е забранета употреба на пластични кеси и пластика за еднократна употреба, според Законот за управување со отпад, а за непочитување на оваа законска одредба се предвидени казни од 1.000 до 40.000 евра.

Пластичните кеси забранети во Црна Гора, казните до 40.000 евра

Законот за управување со отпад стапи на сила на 20 април, а спроведувањето на неговите одредби е предвидено шест месеци по неговото стапување во сила, јавуваат црногорските медиуми.

Покрај пластичните кеси, ќе бидат забранети и пластичните сламки, како и приборот за јадење и одредени кутии за пакување храна.

Трговците кои ќе го игнорираат законот може да бидат казнети од 1.000 до 40.000 евра, а казните за физички лица се од 500 до 2.000 евра.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде