Vrabotuvanje.com - Истражување: Македонија води во желбата за иселување помеѓу младите на Балканот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Истражување: Македонија води во желбата за иселување помеѓу младите на Балканот

Младите и натаму масовно размислуваат да си заминат од земјава. Ова го покажува најновото истражување на фондацијата Фридрих Еберт според кое од сите земји на Југоисточна Европа, најмногу млади луѓе од Македонија, 42,67 % се изјасниле дека имаат желба да заминат во странство.

Истражување: Македонија води во желбата за иселување  помеѓу младите на Балканот

Според резултатите од оваа студија покрај македонската младина која е на врвот на листата, 36,9 % млади од Албанија се изјасниле дека сакаат да емигрираат, на трето место се младите од Босна и Херцеговина со нешто над 30%, 27, 8 % млади од Косово и по 25% од младите од Србија и Словенија рекле дека имаат желба да си заминат од земјата.

Како главни причини кои ги навеле испотаниците кои се на возраст до 14 до 29 години ги навеле лошиот социјален, животен и економски стандард и услови. И повозрасните како причина за се почестото размислување на малдоте да ја напуштат земјава ги посочуваат условте за живот, нефункционирањето на системот за здравство, правда и правичност како и лошата економска состојба.

Дека една од главните причини се ниските примања покажува и последната објава на државнито завод за статискика за просечната плата во земјава.

Таа според официјалните бројки иако е во благ раст и достина ниво од 41 097 денари што се 668 евра сепак споредено само со земјите од југоистопчна европа покажува дека земјава е на дното по примањата на работниците. На врвот на оваа листа е Словенија со просечна плата околу 1500 евра.

До нив се приближува Хрватска со плата за работниците од 1300 евра а потоа се Црна Гора со 860 евра, па Србија со 836 евра а пред нас е дури босна каде просечната плата е 710 евра месечно. Според познавачите за да има поголем реален раст на платите потребно е да се работи на слабата продуктивност како и на големата невработеност.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде